Во Приштина е поднесено обвинение против осуммина осомничени за силување на 11-годишно девојче

122

Основното обвинителство во Приштина соопшти дека покренало обвинение против осум лица осомничени за силување на 11-годишно девојче во јуни оваа година.

Девојчето наводно било повторно силувано на 27 август, пренесува РТС.

По истрагата, прибирање и анализа на докази.

Основното обвинителство во Приштина поднесе обвинителен акт против осум лица (возрасни), во врска со случајот што се случи во јуни 2022 година, против 11-годишничка, се вели во соопштението.

Поради овој случај, оставка поднесоа директорот на полицијата во Приштина, Самедин Мехмети, како и директорот на Управата за третман на затвореници и малолетници, Али Гаши.