Во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, на 16 август во 20 часот, ќе се одржи концертот „Романтична вечер на Мелани Пеоска и пријателите“. Во рамките на програмата Пеоска ќе ги изведе нумерите “,Spring“, “River“,“Sunset“, “Мoonlight“, “Fairytale“,“Waltz“,“Love story“…

Покрај Мелани Пеоска (пијано), ќе настапат и Софија Никоска (виолина),                  Марија Јанчулеска (виолина), Љупчо Трајаноски (виола) и Андријана Дукоска (виолончело). Познати евергрини ќе изведат Александар Здравков (глас) и Филип Пеоски (пијано).

Мелани Пеоска е родена 1985 година во Загреб, Хрватска. Своето образование го формира во Загреб. Средно музичко училиште, насока пијано, завршува во класата на проф. Власта Пољак. 2009 дипломира на Музичката академија во Загреб во класата на проф. Павица Гвоздиќ – академски музичар, пијанист, проф. по пијано и магистер по пијано. Таа е добитник на високи признанија и награди на натпревари во Хрватска.