Во Прилеп: Концерт на Цветковски на гитара

88

Во фоајето на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп,на 22 август во 20 часот, ќе се одржи целовечерен концерт на гитара.

Пред љубителите на класичната музика ќе настапи Марко Цветковски, студент на ФМУ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Концертот е дел од манифестацијата „Прилепско културно лето“.

Во рамките на програмата Цветковски освен композициите на Бах, ќе ги изведе и делата на познатите композитори John Dowland, Johann Kaspar Mertz, Leo Brouwer, Isac Albeniz…