Во Прилеп: „Карикатурални соништа“ на Крстевски

255

Во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ е поставена изложбата на уметничка карикатура насловена „Карикатурални соништа“ од Златко Крстевски.

Делата, над 50-тина, се работени со техника кинески лавиран туш и ја отсликуваат глобалната ситуација во светот, ужасите на војната, миграциите, климатските промени, антиквизацијата, феноменот на социјалните мрежи…

Крстевски е добитник на бројни награди за карикатура во Кореја, Кина, Турција, Кипар, Јапонија, како на Светска галерија на карикатури „Остен“. Негови дела се дел од колекциите на „Музеј Омија- Саитама“ во Јапонија, Остен, Музеј Легница во Полска, „Арт-лајф фондација-Вентура“,САД… Покрај со карикатура се занимава и со сликарство, стрип и мејл арт.