Во Прилеп: Изложбата „Уметност, меѓународна група и пријатели“

175

Во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, утревечер (19 јули) во 20 часот ќе биде отворена меѓународната изложба „Уметност, меѓународна група и пријатели“, на која ќе бидат изложени дела од 15 уметници од Русија, Велика Британија, Бугарија, Србија, Италија, Германија, Романија, Македонија.

„Изложбата ги нагласува идеалите на пријателството и меѓународната соработка. Уметниците кои учествуваат на оваа меѓународна изложба ги споделуваат своите култури, јазик и традиции со уметници чии земји ги посетуваат. Универзалниот јазик на уметноста станува нивниот медиум за комуникација со сите“, стои во најавата кон изложбата која се реализира во соработка со Интернационалната уметничка група Соло и Меѓународниот културен центар од Москва.

Изложбата претставува дела на уметници од групата “Арт Интернационал” и пријатели на групата.