Во Прилеп: Изложбата „Раѓање на битието“ на Александар Јанев

122

Во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп е поставена изложбата на скулптури „Раѓање на битието“ од Александар Јанев.

„Делата на авторот Јанев кои го симболизираат раѓањето живот се со обли форми, бидејќи во стварноста секое живо битие што се раѓа е со облина. Тие асоцираат на јајце, на дела кои се деливи од кои се раѓа нова форма, тела кои асоцираат на битија кои штотуку оживуваат. Формата се раѓа во еден свет во кој треба да се вгнезди и заштити од суровоста на битисување. Тоа симболички го прикажува со гнездо кое е со сосема други особини од дрвото, а направен од железни елементи кои се карактеризираат со својата јакост“, ќе посочи Јордан Јанев – Дане кон изложбата.