Во пресрет на концертот: Некои интересни моменти од животот на „кралот на валцерот“

507

Македонската публика вечерва ќе ја има таа чест во живо да се увери зошто холандскиот виолинист и диригент Андре Риу го нарекуваат “крал на валцерот“.

Во меѓувреме, прочитајте некои интересни моменти за неговиот живот и за сето она што го има постигнато со својата најголема љубов – музиката. Можеби ќе ви стане појасно зошто тој е најголемиот виолинист во светот со повеќе од 40 милиони продадени албуми.

Живот во дворец

Андре Риу со сопругата Марџори живее во дворец од 15. век со 27 соби на брегот на реката Маас во холандскиот град Мастрихт. Во неговото поткровје како петгодишник доаѓал на часови по клавир – тогаш дворецот бил мрачен, полуразурнат и запуштен, а пред дваесет години добил идеја да го купи. Легендата вели дека во кујната на овој дворец францускиот мускетар Шарлд де Батс де Кастелмор Д’Артањан последен пат вечерал пред да одјава во смрт служејќи му на својот крал Луј 14. За време на опсадата на Мастрихт во холандско-француската војна од 1673 година.

Најголемиот приватен оркестар на светот

Славниот музичар од 1987 година го води својот оркестар на Јохан Штраус помладиот чија е прва виолина, а свири исклучиво на инструментот на славниот италијански изработувач на виолини Антони Страдивари од 1667 година. Досега има продадено повеќе од 40 милиони албуми, а името во последните десет години му се наоѓа меѓу најдобрите 25 музичари по заработката на турнеи.
Приватно студио
Во Мастрихт во 2001 година, Риу изгради и свое студио, сала за вежбање и снимање, сценографска и костимографска работилница, ама и приватна градинка за децата на членовите на неговиот оркестар.

Семеен бизнис

Андре и Марџори Риу, која е дипломиран филолог по германски и по италијански јазик, се во брак од 1975 година, а љубовта на неговиот живот оттогаш му е и најважна професионална партнерка.
Додека Андре РИу се занимава со осмислување на репертоарот, пробите, снимањето албуми и настапите, лично го надгледува секој детаљ – 0д изгледот и изработката на костимите до изгледот на сцената и сценските ефекти, А Марџори Риу се занимава првенствено со финансиите. Нивниот помлад син Пјер (36) е извршен директор на семејната компанија, а постариот син Марк Риу (39) е сликар. Имаат пет внучиња.

Валцерот на Ентони Хопкинс

Валцерот And the Waltz Goes On на британскиот оскаровец Ентони Хопкинс од 2011 година, е на репертоарот на Риу. Имено, Хопкинс е и образуван музичар, кој во последните години и концертира.

На раб на банкрот

Во желбата на гледачите да им пружи незаборавно доживување, понекогаш и претерува. Светската стадионска турнеја од 2007 година ја заврши со минус од 34 милиони евра бидејќи за сценографија сакал автентичка реплика на виенскиот дворец Шонбрун – широка 125, видока 35 и длабока 35 метри. Пред неа ги сметил пеачите, хорот и членовите на оркестарот, како и танчари на мраз – од секоја страна се наоѓаше и лизгалиште, додека меѓу нумерите по сценаа каскаа шестопрежни кочии. Петстотини луѓе требало да работат цели пет дена да ја состават сцената.
– Банкротот ми беше најдобра реклама, изјави Риу откако приказната допре до јавноста.

Подобро од секс

Чувството кога излегува пред публика, за него не може да се спореди со ништо.

– Тоа е подобро од секс, тврди тој.

Кога не работи со сопругата најрадо се опушта во Италија, особено во Рим, кој им е омилено одредиште.