Во прв план ни беше победата, не играта

63

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, по триумфот над Челзи во Суперкупот на УЕФА, изјави дека неговиот тим може да игра уште подобро.

  • Можеме и ќе играме подобро. На денешниот натпревар не беше играта во прв план, туку победата. Го најдовме патот до успехот и тоа е одлично. Чувствуваме дека постигнавме нешто важно и многу сме среќни за тоа, изјави Клоп.

Германецот беше импресиониран од атмосферата во Истанбул.

  • Атмосферата на стадионот беше неверојатна, иако времето беше многу топло, а натпреварот се покажа супер тензичен, додаде Клоп.