Министерката за здравство на Шпанија Каролина Даријас на Конгресот на здравјето во Логроња ги претстави официјалните податоци за бројот на евтаназии во текот на првата година од примената на законот кој ја овозможува таа процедура.
„До половината на 2022 година се извршени 180 евтаназии. Во 22 случаи починатите ги донирале своите органи со кои се овозможени 68 трансплантации“, изјави министерката, а пренесе Ел Мундо.
Евтаназијата во Шпанија е дозволена од 25.јуни минатата година, а повеќето од апликациите се одобрени.