Во посета на Паралија 1000 Јагодинчани

305

Во понеделникот навечер од Србија кон Грција тргна „делегација за Гинис“. Од паркиралиштето пред Аква паркот во Јагодина (Србија) кон популарното летувалиште Паралија во Грција со бројни автобуси се упати делегацијата на градот Јагодина составена од 1000 членови.

Ова е најбројна делегација, не само од Јагодина, туку многу пошироко. Оранизатор на патувањето е градот Јагодина, а целиот трошок е на сметка на донатори. Делегацијата ја сочинуваат советници, стопанственици, просветни и здравствени работници, претставници на театарот, новинари, работници на Јавното комунално претпријатие „Стандард“, на локалната самоуправа, пензионери, културно уметнички друштва, претставници на месните заедници, разни здруженија па дури претставници на „Сојузот на гулабари“ на Јагодина.

На чело на делегацијата која се враќа на први јуни е претседателот на Собранието на Градот Јагодина, Драган Марковиќ Палма.