Во понеделник ќе се прска против комарци

22

Третата фаза од авионската и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци ќе се изврши на 14.06.2021 година (понеделник).

Од Град Скопје информираат дека авионската дезинсекција против ларви од комарци, ќе се реализира во раните утрински часови, а терестричната дезинсекција исто против ларви од комарци, ќе се реализира во текот на целиот ден.

– Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите – велат од Град Скопје.