Во Полска пронајдено нацистичко богатство вредно стотици милиони евра/ВИДЕО

822

Ловците на богатство пронајдоа 10 тони нацистичко злато во темелите на една палата од 18.век, во Полска. Тие велат дека добиле дозвола да го извадат закопаниот сандак во кој е скриено големото богатство.

Организацијата под назив „Здружение на Шлезинскиот мост“ го води ископувањето во стариот стакленик во паркот на палатата во селото Минковские, пренесува Дејли мејл.

Според сознанијата, се смета дека таму по налог на СС-шефот Хајнрих Химлер, закопано е украдено богатство кое требало да послужи за воспоставување на Четвртиот Рајх. Во мај годинава ловцита на богатсво го откриле металниот сандак закопан три метри под површината.

Богатсвото го вклучува и т.н. Вроцлавско злато, кое исчезнало од полициската управа во овој полски град што се наоѓа во близина на споменатото место. Се смета дека сандакот содржи накит и други драгоцени предмети од приватните збирки на богатите Германци кои живееле во оваа област.

За да го заштитат своето богатство од Црвената армија која напредувала, богатите Германци го предале на СС-те.Локацијата ја откриле тајните документи, дневникот на СС-офицер и карта која ловците на богатство ја добиле од наследниците на СС-офицерот.

Овој дневник кој го водел високиот офицер во нацистичките СС-трупи, наводно открива локација на уште една палата во истиот регион во Полска. Наводно, таму на дното на еден бунар има скриено 28 тони богатство.