Во пожар изгорела храна за добиток во Војник, Старо Нагоричане

21

Храна за добиток изгорела во пожар во село Војник, општина Старо Нагоричане, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово и потврдија од противпожарната единица од Старо Нагоричане.

Пожарот избувнал ноќва во 02:15 часот.

-Брзо интервениравме и се спречи проширување на пожарот накај блиските тополите и накај добитокот, изјави Иван Трајановиќ, пожарникар од Старо Нагоричане.

Пожарот бил изгаснат во 04:30 часот, а пожарникарите интервенирале со едно противпожарно возило.