Во пожар во Маркова Сушица изгореа викендичка и бандери

1600

Во пожар во Маркова Сушица, на патот од Марков манастир кон Добри дол зафатена беше една викендичка.Командирот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски изјави дека на терен биле испратени две противпожарни екипи и уште едно како дополнување.

Според информациите од терен изгорена е една викендичка, а од пожарот зафатени се и бандери на ЕВН Македонија.