Во Питсбург во САД се урна мост додека по него минувал автобус/ВИДЕО

166

Се урна мост во Питсбург, вториот по големина град во американската сојузна држава Пенсилванија, објави Јавната безбедност на Питсбург, на Твитер.

Според Си-Ен-Ен, мостот под снегот се урна утрово околу шест по локално време. На фотографиите од местото на настанот се гледа приградски автобус на делот од урнатиот мост. Екипи на Брза помош се на терен. Се чувствува силен мирис на гас, а жителите се повикуваат да ја избегнуваат областа, соопшти полицијата.

На прес-конференцијата од местото на инцидентот, градоначалникот на Питсбург, Ед Гани изјави дека нема загинати. Шефот на противпожарната служба во Питсбург, Дерил Џонс, изјави дека 10 лица се полесно повредени, а тројца се пренесени во болница. Никој не е повреден, додаде тој. Три или четири возила се наоѓале на мостот кога еден дел од него се урнал, изјави Џонс. Според претходно предвидената посета, денеска во Питсбург треба да пристигне и претседателот на САД, Џозеф Бајден, за да разговара со тамошните власти за инфраструктурата.