Во „пајаковата мрежа“ фатени 340 возила

134

За една недела ЈП ПОЦ санкционирале 340 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

– Во периодот од 5 до 11  ноември со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 184 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „блокатор“ санкционирани се 156 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани – информираат од ЈП ПОЦ.