Во основните училишта во Аеродром се поставуваат фотоволтаици

637

Во сите осум основни училишта на територијата на општина Аеродром ќе бидат
поставени фотоволтаици со кои ќе се зголеми енергетската ефикасност и ќе
помогнат дел од градинките да се снабдуваат со струја, информираше
градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски за проектот кој почна да се
реализира во ООУ „Александар Македонски“.

– Започнуваме со реализација на нов проект – поставување на фотоволтаици во сите основни училишта, но и на дел од градинките на територија на Општина Аеродром. Како идна цел имаме овој проект да се прошири и фотоволтаици да добијат сите градинки во нашата општина, но и други проекти од капитално значење. На овој начин Општина Аеродром ќе ги намали трошоци за електрична енергија во услови на криза – истакна Муцунски.

Претходната недела општина Аеродром потпиша договор со Европската Унија во делот на селекција на отпадот.