Во овој германски град семафорот за пешаци има и жолто светло/ВИДЕО

78

Црвено-зелените семафори за пешаци се стандардни ширум светот и практично, каде и да се најдеме на замјината топка, знаеме кога е безбедно да се помина на другата страна од улицата.

Но, дали знаете дека во свeтот постои и пешачки семафор кој има три бои, исто како семафорите за возила – црвена, жолта и зелена?

Овој единствен ваков семафор во светот, се наоѓа во германскиот град Дизелдорф и верувале или не, тој е во фаза на тестирање уште од 1953 година.

Германските закони за сообраќајот јасно пропишуваат дека пешачките семафори се во две бои, црвена и зелена. Меѓутоа, во Дизелдорф ја искористиле можноста своите семафори да ги претстават како уреди за тестирање и тоа трае веќе 68 години. Така овие тробојни пешачки семафори од тест уреди станаа своевидна атракција во градот.

Инаку, за разлика од стандардните обележја на црвеното и на зеленото светло, жолтото светло на пешачкиот семафор е во вид на вертикална линија.