„Слободен влез – Free entry“ е наслов на, изложбата на Марија Трпеска која ќе биде отворена во ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ во петок, 19 март,  во 12 часот. Изложбата е прва од годинашната програма на ЦК  „Марко Цепенков“, поддржана од Министерството за култура, во која се планирани над 20 изложби.

„Ликовниот проект „Слободен влез – Free entry‟ се однесува на континуираното присуство на едно лице на културни настани, неговата потреба, интерес за посетување на ликовни изложби и неговото огромно визуелно искуство. Истражувајќи го присуството на луѓе на ликовни изложби во државните културни институции, уметничките галерии и музеи забележав дека бројот на посетители е многу мал и дека нема голем интерес особено од млада публика. Состојбата на „празни‟ галерии ме наведе да забележам дека еден човек е постојано присутен и им дава важност и смисла на сите ликовни излагања. Одлучив да му заблагодарам така што го вклучив во мојот проект, насликан  како стои пред вратите на седум галерии и музеи во Скопје“, вели Трпеска.