Во норвешкиот фонд за секој маж, жена и дете има по 207 илјади долари

129

Норвешкиот државен фонд, кој е најголем светски фонд забележа 19,9 отсто поврат од вложувањата на пазарот и така заработи рекордни 1,69 билиони норвешки круни што е еднакво на 180 милијарди долари.

Ова е најголемиот државен фонд на светот во кој се чуваат по 207 илјади долари за секој Норвежанец.

– Ова е најголем раст на вредноста во една година во историјата на фондот за што може да му се заблагодари на позитивниот поврат на капитал во сите сектори, рече Ингве Слингстад, извршен директор на фондот во заминување.

Минатогодишниот поврат на вложувањата изнесувал скоро 34.000 долари за секој од 5,3-те милиони жители на Норвешка, а вкупната вредност на фондот сега достигна 207.000 долари за секој маж, жена и дете, наведува ЦНБЦ.

Овој норвешки фонд сега вреди три пати повеќе од годишниот БДП на целата држава. Фондот, инаку, има удели во над 9.000 компании на глобално ниво, а поседува 1,5 отсто од сите акции кои котираат на берзата. Акциите на двата технолошки гиганта, Епл и мајкрософт најмногу придонесоа за приносот на фондот во 2019 година, следи Нестле, додека најлоши беа Нокиа, Фајзер и Сведбанк.