Во НЛБ галерија: Изложба на експериментален цртеж

274

Во галеријата на НЛБ банка утревечер (22 јули) во 20:30 часот, во соработка со ДЛУМ ќе биде отворена изложбата „Цртеж – експериментален цртеж“.

Проектот „Цртеж – Експериментален цртеж“, тежнее кон разработен процес на крајно радикални отстапувања од институционалните вредности на самиот цртеж и неговото „ограничување“ и поврзаност со медиумот хартија како негов фундамент т.е. поддржувачки материјал. На изложбата ќе бидат прикажани цртежи кои можат да бидат дефинирани и како копродукт на други видови на креативни процеси, ставајќи го акцентот на нивната интердисциплинарна, когнитивна, перформативна или комуникативна функција.

“Сите дела ги прикажуваат основните на современиот цртеж почнувајќи од развој на линијата на пикторијален план, па сè до неговите дигитални модификации, со што се потврдува неговата линеарна автономија и неговата концептуална контрола над останатите медиуми“, стои во најавата за изложбата.