Во Ниш е во тек ревакцинација на бизнис заедницата

26

Во Ниш денеска се ревакцинираат вработените Стопанската комора и вработени во нејзините компании-членки чии работни места се со висок ризик.

Имунизацијата, која се реализира викендов во спортската сала „Чаир“ во Ниш, ја организира Стопанската комора на Северна Македонија заедно со Стопанската комора на Србија во рамки на Коморскиот инвестициски форум.

Како што велат од Комората, процесот во овој момент се одвива непречено, без задржувања на вакциналните пунктови.