За многу работи, велат помудрите луѓе, не е доцна во животот. Се разбира за тоа се потребни љубов, волја и талент, а пред сè постојана желба да се оди чекор понапред. Тоа ѝ се случува кај добро познатиот Драган Вучиќ, кој од пејач веќе со децении е и многу познат водител, а пеењето сега му е како хоби. Ова се речиси сите познати работи, но не се и за водителката, неговата имењачка Драгана Катиќ. Таа при неодамнешното учество на Драган Вучиќ во шоуто „Никогаш не е доцна“, како дел од жирито, го најави дека од „неодамна” е нејзин колега-водител, а тој пред камерите како водител е повеќе од 20 години, во многу емисии од „Вашите 5 минути“, „1+2“, „Гурмански муабети“….

Вучиќ на овој гаф на сцената премолчи, ништо не возврати, но знаејќи го подобро ние овде во Македонија, на Драган воопшто не му било сеедно.
Реагираше подоцна на својот „Инстаграм“, каде што токму тој дел од најавата го снимил и го споделил на својот профил! Српската водителка Драгана Катиќ, која сакајќи што подобро да го претстави Вучиќ, всушност, дали го навреди? Дали не сакајќи, дали од неинформираност или од незнаење? Нема оправдување. Нели? Па, кога веќе сакаше да биде до толку некоја која знае сè, требаше пред тоа кај самиот Драган да се распраша за неговата успешна долгогодишна кариера. Очигледно згодната Драгана тоа не го направила. Затоа, Катиќка трк на поправен!
Дуле М.  фото: Инстаграм