Дома БАЛКАН Во неколку белградски училишта пристигнаа дојави за бомби, наставата е одложена

Во неколку белградски училишта пристигнаа дојави за бомби, наставата е одложена

35

Дојави за поставени бомби утринава пристигнаа на адресите на неколку белградски училишта. Најпрвин беше објавено дека таква дојава била испратена до белградското основно училиште „Дринка Павловиќ“, а од училиштето за Телеграф ја потврдиле информацијата.

Родителите на децата кои посетуваат настава во ова училиште утринава добиле порака да не ги носат децата на настава поради дојава за бомба. На терен е испратена екипа на МВР, пишува споменатиот портал.
Според првите информации, дојави за подметнати експлозивни направи биле испратени на имејл адресите на 78 основни и 37 средни училишта во белградските општини, соопшти Министерството за образование.„Екипи на МВР се на терен, учениците и вработените се евакуирани. Заради безбедноста на учениците и вработените, наставата во прва смена беше прекината до завршување на полициската проверка, а некои училишта веќе се проверени и наставата се одвива без проблеми. Училиштата ќе ги информираат учениците и нивните родители за сите релевантни информации за часовите преку редовни канали за комуникација“, стои во соопштението, јави Телеграф.