Градот Утквиагвик на Алјаска, познат како Бароу, личи на секој друг арктички град. Многу е ладно и темно во текот на поголемиот дел од годината, а овој град воедно е и најстудениот град на светот. Иако климата не е најпријатна, сепак Бароу има околу 4.000 жители, а повеќето од нив се староседелци. Тоа е најсеверниот град на САД и жителите се горди на тоа.

Иако би се запрашале зошто некој би доаѓал тука, овој град сепак има убава заработка од туризмот, а причина за тоа се природните феномени.

Како и другите градови во арктичкиот појас и Бароу има „полноќно сонце“, кое во овој појас се појавува во текот на летните месеци. Тоа значи дека сонцето е видливо 24 часа дневно, па дури и на полноќ, доколу времето е убаво.

„Полноќното сонце“ не е единствениот феномен во Бароу. За разлика од другите градови во Алјаска, Бароу се наоѓа на крајниот север, и во текот на зимските месеци ноќта трае многу долго, односно не се разденува 65 дена.

Во текот на овие месеци во арктичките градови се одржуваат фестивали кои привлекуваат туристи кои сакаат да уживаат во магичните моменти.