Во наше Скопје автомобилите на тротоар, пешаците на улица

111

Објективот на фоторепортерот на весникот ВЕЧЕР, Ѕвонко Плавевски „фати“ автомобили паркирани на тротоар пред МВР, а пешаците мораат на улица да одат. Ова не е инцидентен случај, туку станува секојдневие.

Граѓаните кои поминуваат по оваа улица велат дека тоа е демократија

– Кој што сака, кога сака и кога му се може да го прави она што му е ќеиф. Ама ваквото однесување има поголема тежина бидејќи е пред носот на полицијата. Ајде малку поработете на безбедноста на децата. Чекате ли некоја жртва. Сите тротоари слободни – вели една жителка.

Друг пак, се жали дека им паркираат точно пред влезовите на куќите и не може да се влезе во двор и мора да се закочи цела улица.

Инаку, секое земање на возилото со пајак чини околу 100 евра (2.500 денари за пајакот + казна за погрешно паркирање).