Во моментов 34 во плус – не излегувајте од дома!

54

Моменталната температура во Скопје е околу 34 степени Целзиусови, а според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) максималната ќе достигне и до 40 степени.

Без потреба не излегувајте од дома, а ако веќе морате, носете шапка, светла облека и пијте многу течности.

Во следните денови под влијание на топла воздушна маса од југ времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. На повеќе места температурите ќе бидат над 35 степени, а најтопло ќе биде во четврток и петок кога на места и особено на југоистокот ќе го надминуваат и 40-тиот степен.