Во МНТ: Свечен прием и културна програма по повод денот на Република Србија и денот на војската на Република Србија

101

По повод денот на Република Србија и денот на Војската на Република Србија, Амбасадата на Република Србија на 2 март во 18.30 часот во Македонскиот народен театар организира свечен прием со културна програма, на кој ќе бидат присутни високи претставници на државниот врв и личности од политичкиот и јавниот живот на двете држави.

На свечениот прием ќе се обрати Н.Е. амбасадор на Република Србија во Република Северна Македонија, Душанка Дивјак Томиќ (19.30). Истата вечер на сцената на Македонскиот народен театар ќе биде одржан и мјузиклот “Зона Замфирова„ во изведба на Театарот на Теразијe од Белград.

За пошироката публика мјузиклот “Зона Замфирова” ќе биде одржан и во недела (3 март) во 19 часот.

Мјузиклот според делото на Стеван Сремац, е во режија на Кокан Младеновиќ.

Билетите се пуштени во продажба.