Во МКЦ: Изложбата „Trapped“ на Кристина Божурска

92

На 28 ноември, со почеток од 20 часот во Галеријата на МКЦ ќе се отвори самостојна изложба на Кристина Божурска насловена „Trapped“.

„Мејнстрим медиумите и понатаму го изедначуваат феминизамот со либералниот феминизам. Либералниот феминизам го екстернализира угнетувањето. Им дозволува на професионалните менаџерки да се наметнат (lean in) откако ќе се потпрат (lean on) на слабо платените мигрантки, кои им ги вршат домашните работи и обврски. Безобзирен кон класното и расното прашање, ваквиот феминизам ја поврзува каузата со елитизмот и индивидуализмот. Накратко, феминизмот го бие лош глас поради либералниот феминизам… Нашиот одговор на феминизмот со ‘наметнување’ е феминизам со ‘пружање отпор’. Немаме зошто да го пробиваме стаклениот таван ако го оставаме мнозинството да ги измете срчите. Не само што не сакаме да ги величиме жените кои се главни извршни директорки закотвени во ексклузивни канцеларии туку сакаме да се ослободиме од главните извршни директор(к)и и ексклузивните канцеларии“, стои во најавата кон изложбата на Божурска која во своите дела користи мноштво техники и материјали, вклучувајќи готови предмети, сликарство, цртеж, текст и видео.

Авторката дипломирала сликарство на ФЛУ во 2008, а во 2017 магистрирала на Институтот за културолошки студии со фокус на социјална уметничка пракса.