Во Миладиновски засадени 27 илјади садници

45

Во скопско Миладиновци на десет хектари денеска беа засадени 27 илјади садници. Акцијата е дел од големиот план за пошумување насекаде во Македонија кој се реализира под мотото „Пошумуваме заедно за позелено утре”.

– Зелената транзиција е еден од клучните приоритети на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство (МЗШВ), покрај другите реформи кои ги спроведуваме и верувам дека заеднички со одговорните компании и институциите ќе придонесеме да ја менуваме свеста. Да се однесуваме одговорно и да имаме што повеќе и подобри вакви успешни примери – изјави ресорниот министер Љупчо Николовски.

Тој најави дека следната година МЗШВ ќе го дуплира буџетот, ќе ја зголемат Програмата за проширена репродукција и верува оти ќе ги мотивираат сите субјекти на ваков одговорен пристап.

– МЗШВ и институциите максимално се посветени и даваат целокупна поддршка на целиот овој процес. Асистираме со „Национални шуми“ во целата оваа убава акција меѓутоа и преку нашите програми засилено работиме на што повеќе површини хектари да бидат пошумени и онака како што треба, професионално и стручно. Затоа овие денови бевме во Петровец, во Велес, поголеми акции преку Програмата за проширена репродукција на МЗШВ заедно со „Национални шуми“. Продолжуваме на 3-ти следната сабота на 50 хектари во кривопаланечко и Ранковце, во Кочани, во скопско – рече министерот Николовски.