Шефот на Мерцедес, Тото Волф откри дека „сребрените стрели“ размислувале да го привлечат Мик Шумахер во нивната академија, но на крајот не нашле место за него.

Минатата година, Шумахер Јуниор ја освои титулата во Формула 3 и се пресели во Формула 2, а во меѓувреме и стана дел од програмата на млади пилоти на Ферари.

  • Размислувавме да го регрутираме Мик, но како да го сториме тоа? Веќе се бориме да најдеме место во Формула 1 за Џорџ Расел и Естебан Окон. Мик е добро момче. Тој има карактер, порасна многу во Формула 3 и Формула 2, и сигурен сум дека кога ќе дојде време кога ќе настапи добро и во Формула 1, изјави Волф за италијанскиот весник „Газета Дело Спорт“.