Во Мелбурн уапсени 16 демонстранти

27

На протестот поради рестриктивните мерки во Елстерник, јужен Мелбурн денеска се уапсени 16 луѓе, а 21 лице се парично азнети, соопшти полицијата на австралиската држава Викторија.

Фрустриани сме што овие луѓе продолжуваат да ги загрозуваат животите на граѓаните на Викторија, изјави портопаролката на полицијата.

Таа додаде дека поголемиот број граѓани одговорно се однесуваат.

Однесувањето на неколкумина себични луѓе, кои го игнорираат препораките нема да биде толерирано, посочи портпаролката на полицијата.

Во Викторија денеска е пријавен најмал број на новозаразени со Ковид-19 во последните три месеци, што е можност за олабавување на строгите рестриктивни мерки до крајот на месецот.

Во изминатите 24 часа во австралиската сојузна држава регистрирани се 21 случај на новиот коронавирус, што е војно помалку од вчерра, а починаа седум луѓе.

Извор:МИА