Во Македонска филхармонија концерт на Minguet Quartet

173

Во Македонската филхармонија вечерва (2 јули) во 19.30 часот концерт ќе одржи  германскиот гудачки квартет Minguet Quartet.

Љубителите на класичната музика ќе имаат ретка можност да уживаат во нивната неповторлива изведба и во звуците на Шуман и Брамс.

Основан во 1988 година Minguet Quartet ја црпи својата инспирација од класично-романтичната музика, како и современата музика.

Дополнителна инспирација се и современите музичари и нивното творештво, кое поттикнува создавање на нова фузија од музички тонови.

Влезот за концертот е слободен.