Министерството за одбрана прави исклучителни чекори напред во доменот на родовата еднаквост и родовата перспектива. Се зголемува бројот на жените кои се пријавуваат за доброволно служење воен рок, има зголемен интерес за учество во Армијата како офицери.

Од околу 6.700 припадници на Армијата, 635 се жени, односно околу 10 проценти, а од нив офицерки се 15 проценти, подофицерки 11 проценти, а професионални војнички само пет проценти.

Фактот дека десет проценти во последната класа на граѓани на доброволно служење воен рок се девојки, покажува дека интересот за професијата се зголемува.

Во редовите на Армијата има три полковнички, а речиси во секоја мисија во Авганистан, во рамки на контингентот од Армијата има жени, исто како што во мисијата во Либан во моментов е претставничка на Армијата, а аѓутант на претседателот на државата е жена – полковник Билјана Блажеска, прва на таа позиција во историјата на државата.