Наши граѓани кои сакаат или веќе се  вакцинирале со трета доза со која било друга вакцина, освен со „фајзер“, нема да можат да го евидентираат тоа во системот на нашето здравство, односно нема да можат да добијат документ во Македонија дека примиле бустер- доза. 

Информацијата за весникот ВЕЧЕР ја потврдија од Министерството за здравство. Оттаму велат дека тоа е по препорака на Националната комисија за имунизација за трета доза вакцина. Освен „фајзер“, третата бустер-доза од „Астра зенека“, „Спутник“, „Модерна“, кинеските вакцини „синофарм“ и „синовак“, на сите пациенти кои се вакцинирале во Србија не им се признаваат во Македонија. 

Освен „фајзер“, третата бустер-доза од „Астра зенека“, „Спутник“, „Модерна“, кинеските вакцини „синофарм“ и „синовак“, на сите пациенти кои се вакцинирале во Србија не им се признаваат во Македонија.

Имено, наши граѓани кои сакаат или веќе се  вакцинирале  со која било друга вакцина , освен со „фајзер“, нема да можат да го евидентираат тоа во системот на нашето здравство, односно нема да можат да добијат документ во Македонија дека примиле трета доза вакцина.

Информацијата за весникот ВЕЧЕР ја потврдија од Министерството за здравство. Оттаму велат дека тоа е по препорака на Националната комисија за имунизација за трета доза вакцина.

– Препораката на Националната комисија за имунизација е вакцинацијата со трета доза вакцина против ковид-19 да се спроведува со mRNA вакцина (во нашата земја тоа е Pfizer), што е во согласност со светските препораки за вакцинацијата со трета доза со mRNA вакцина. Доколку лицата вакцинирани во странство се вакцинирани со вакцината на Pizer како трета доза, примената вакцина може да се евидентира во системот за евиденција на „Мој термин“ – велат за ВЕЧЕР од Министерството за здравство. Појаснуваат дека за други вакцини, тоа не важи. 

Илјадници наши граѓани, на почетокот од пандемијата, кога Македонија немаше ниту една вакцина, беа примени во Србија, најмногу во Врање и во Ниш, каде  што се вакцинираа , најголем број со вакцината на „Астра зенека“, „Спутник“ и со кинеските „синофарм“ и „синовак“. Многу од овие наши граѓани сега сакаат или веќе биле да примат трета доза од истата вакцина.

– Сакам да се вакцинирам со руската вакцина „спутник“. Кога ги примив првата и втората доза, никој не ме праша дали сакам друга. Таа ја имаше, таа ја примивме, тука кај нас во вакциналниот пункт „Борис Трајковски“ – вели една наша сограѓанка. Додава дека сега сака да се вакцинира со трета доза од истата вакцина, но „спутник“ кај нас, во Македонија, нема, ниту ќе има. – Не сакам да примам „фајзер“, а само таа вакцина ни ја нудат во земјава. Од друга страна, излегува дека сме условени да ја примиме токму вакцината на овој производител, во спротивно нема да можеме да патуваме во многу земји, каде што, на пример, руската „спутник“ не е сè уште призната – додава нашата соговорничка.

Пред неколку месеци, кога граѓаните се вакцинираа со втора доза, тоа не преставуваше никаков проблем, па дури имаа можност да се пријават за ревакцинација во Србија и на официјалната страница на Министерството за здравство Vakcinacija.mk.

Во земјава има доволна количина вакцини „фајзер“, но интересот за вакцинација е сè уште незадоволителен. Количините од оваа вакцина редовно се надополнуваат, а последната пратка  од 250 000 дози вакцини „фајзер“ стигна пред две недели , како донација од Италија, која се спроведува преку Ковакс- механизмот и УНИЦЕФ.

Една година од почетокот на имунизацијата против ковид-19 во Македонија, 40,9 отсто од вкупното население е вакцинирано со две дози, покажува извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Вакцинацијата во Македонија против ковид-19 почна на 17 февруари 2021 година.

Заклучно со 13 февруари годинава, вакцинирани се вкупно 868.818 лица со барем една доза на вакцина против ковид-19 во државата и во странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 847.072 лица, а со трета доза се вакцинирани 137.048 лица.

Со една доза на вакцина против ковид-19, во државата и во странство, вакцинирани се 52,1% од населението над 18-годишна возраст, односно 48,2% од населението над 12-годишна возраст, додека од вкупното население, вакцинирани се 42,0%.

Опфатот со две дози на вакцина против ковид-19 кај населението над 18-годишна возраст изнесува 50,8%, односно 47,0% кај населението над 12-годишна возраст.

( В.М.Б.)