Според директорот на Онкологија, д-р Нино Васев најголемиот дел од пациентите  што се лекуваат од рак се од 60 до 70 години. Во изминативе три години, како и во услови на пандемија, потенцираше д-р Васев  нема листи на чекање ниту за хемотерапија, ниту за радиотерапија. Сите пациенти  се прегледани, ниту еден не е вратен и сите навреме ја примаат својата тетапија

 

На Универзитетската клиника за радиотерапија и онколошки заболувања се лекуваат најтешко болните пациенти, кои што како што вели директорот на оваа Клиниката д-р Нино Васев за среќа околу 80 отсто од нив се на возраст од над 60 години, додека од средната  и помалдата генерација има помалку пациенти. Зголемувањето на малигните болести од 3,6 отсто на европско ниво, се однесува и за нашата земја.

-Најмладиот пациент што деновиве му беше дијагностициран рак е девојка на 22 годишна возраст. Но најголемиот дел од пациентите се од 60 до 70 години. На шатата клиника изминативе три години и во услови на пандемија  нема листи на чекање ниту за хемотерапија, ниту за радиотерапија. Сите пациенти  се прегледани, ниту еден не е вратен и сите навреме ја примаат својата тетапија-вели д-р Нино Васев кој вчера и официјално заедно со министерот за здравство Беким Сали и неговиот заменик д-р Владимир Рендевски  го посетија бункерот каде што е поставен новиот најсовремен линеарен акцелератор од типот Varian, марка „Halcyon“,кој од неодамна е во функција.

Д-р Васев нагласи дека се работи за апарат кој што истовремено е и компјутер, каде прецизноста на зрачењето е зголемена драстично, а машината работи двојно побрзо.

Според министерот за здравство Беким Сали се работи за инвестиција која ја обезбеди неговото министерство во износ од 108 милиони денари, а реновирањето на бункерот го направила Клиниката за  Онкологија од својот буџет.  Министерот кажа  дека со овој насовремен апарат продолжуваат инвестициите во здравството, а со тоа пациентите имаат  можност за прецизна и ефикасна радиотерапија.

-Со  акцелераторот се воведува нова техника на радиотерапија, таргетирањето е подобро во смисла на истородност на дозата во целниот волумен и поштеда на органите од ризик во околина на туморот. Оваа техника првпат се изведува и претставува синхронизирање со останатите радиотераписки центри во регионот и Европа, посочи Сали.

Министерот информираше  дека во текот на идниот месец планираат да го промовираат и да го пуштат во употреба вториот акцелератор во ГОБ „8 Септември“.

  – Таму се работи интензивно, така што сметам дека сме на добар пат да можеме да одговориме навремено и квалитетно на сите потреби кои ги имаат граѓаните, истакна Сали.

Директорот  д-р Васев дополни  дека  за  работата на овој акцелератор треба и кадар, не е само машина затоа обучени се  шест техничари и  двојца физичари.

-Веќе едниот специјализира, имаме докторка што ќе работи таму и уште еден доктор ќе ни треба за да може  и овој центар да функционира, додаде д-р Васев.

Тој е задоволен како се третираат онколошките пациенти кои што имаат постковид проблеми и нагласи дека засега нивниот број не е толку голем, останува примарно лекувањето на болеста.

(В.Ма.)