Во Македонија има над 5.000 слободни работни места се бараат сметководители, медицински сестри, келнери…

79

Во Агенцијата за вработување во моментов има отворени огласи преку кој македонските компании бараат кадри за ангажирање на околу 5.000 слободни места.

Се бараат разни видови на профили на работници, со различен степен на образование, стручност, искуство и во разни стопански и нестопански дејности, од страна на компании кои се лоцирани во различни региони и општини во државата.

Се бараат директори, трговски раководители, менаџери, комерцијалисти, возачи, медицински сестри, општи работници, продавачи, инженери, магацински работници, економисти, адвокатски приправници и слично.

Сите овие огласи се јавни и видливи и секое заинтересирано лице може да ги види на веб страната на АВРМ – аврм.гов.мк што претставува исклучително корисна платформа преку која значително се овозможува доближување на понудата и побарувачката на работа.

На оваа веб страна постојано се ажурираат податоците и граѓаните преку неа може да се запознаат со сите слободни работни места за кои се распишани огласи од страна на компаниите за нивно пополнување и е добра можност за лицата кои се невработени или пак кои бараат работа детално да се запознаат со моменталната состојба на пазарот на труд и доколку ги исполнуваат предвидените услови да аплицираат на истите.