Во Македонија во 21 век – 15 отсто од девојчињата користат весници наместо хигиенски влошки

357

Менструацијата во земјава е луксуз, 15 отсто од девојчињата користат весници наместо хигиенски влошки за време на менструалниот циклус, поради високата цена на средствата за лична хигиена, покажа истражувањето на здружението Новинари за промена и Институтот за јавно здравје.

Резултатите на истражувањето покажуваат дека причината за лежи во несоодветни услови за управуавње со менструалната хигиена на училиште/работно место и високата цена на чинење на средства за управување со неа. Цената на хигиенските влошки почнува од 25 денари па до 170 денари.

Истражувањето покажува дека во Македонија само во едно приватно училиште, во Велес, има услови/тоалет за менструална хигиена, а во ниту едно училиште нема соодветни произовди како сапун, тоалетна хартија и вода, ниту пак соодветни места за управување со менструална хигиена,  ниту пак соодветни места за отстранување на отпадоци од тоа.

Според проф.др-Дејан Огњеновиќ, Владата треба со државни пари да обезбеди и менструални чашки, кои се практични и хигиенски  за репродуктивното здравје на женската популација.

-Хигиената е многу битна кај жената особено за време на циклусот кога цевикалниот канал е отворен и бактериите се лесно достапни за влез и за понатаму да се шири воспалението на малата карлица. Нашата влада купуваше кондоми за хомосексулаците така да може да купат и менструални чашки особено за младите девојки истите да се поделат во училиштата за девојчињата подоцна да немаат проблем со забременувањето-objasnuva др-Дејан Огњеновиќ.

Истражувањето е спроведено лани во месец април и мај, во Скопје Куманово и Велес, со околу 800 испитаници кои биле на возраст од 14 до 45 години.