Во ЛШ со Анталиали

29

Стандардниот првотимец во дресот на турскиот гигант Галатасарај, Таилан Анталиали, е најновата желба на раководните лица на италијанскиот калчолигаш Милан. Одличниот играч за врска има 26-години и според челниците на Милан, тој може да биде одлично засилување доколку „росонерите“ обезбедат пласман во групната фаза од Лигата на шампиони. Неофицијално Анталиали е проценет на околу 20 мил. евра.