Тимот на Лос Анџелес Лејкерс во новата сезона од НБА лигата ќе биде ветеранска екипа: Челниците на „езерџиите“ покрај Леброн Џејмс во тимот собраа играчи кои одамна го прославија својот 30 – ти роденден.

Меѓу нив ќе се најде и 33- годишниот центар Деандре Џордан, кој веќе не е член на Бруклин Нетс.

Нетски, Џордан го пратија во Детроит за Јахил Окафор и Секо Бумбоу, а Пистонски потоа ги откупија преостанатите две години од договорот на Џордан за 20 милиони долари. На овој начин искусниот центар стана слободен играч, но тоа нема да биде уште долго, бидејќи има намера да потпише договор со Лос Анџелес Лејкес, за сума од 2,6 милиони долари.

Со него Лејкерси ќе добијат уште едно искусно име во екипата, но и човек кои може да помогне, особено во одбраната. Џордан десет сезони играше во Лос Анџелес Клиперс, а по заминувањето од овој тимнастапуваше за Далас, Њујорк и Бруклин. Во кариерата има просек од 9,4 поени и 10, 6 скокови по натпревар.

Лос Анџелес Лејкерс во новата сезона ќе влезе со импресивен составкој ќе биде предводен од Леброн Џејмс, а тука се уште Ентони Дејвис, Расел Вестбрук, Кармело Ентони, Рејон Рондо, Двајт Хаувард…