Во Кривичен денеска ќе се одржи рочиште за случајот „Ласкарци“

60

Денеска во Основниот кривичен суд-Скопје, ќе се одржи рочиште  за автобуската несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени.

Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019  се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.

Судскиот процес за несреќата што започна во септември 2019 година го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител, Дарко Јакимовски.