Во Крива Паланка дисеминација на наставници за инклузија на ученици со попреченост

39
Наставниците од основното општинско училиште „Јоаким Крчовски”, Крива Паланка ги пренесоа своите знаења и вештини за работа со деца со аутизам и дечиња со нетипичен развој научени во рамки на размената на искуства од проектот „Една мисија, една визија, еден фокус”.
Активностите се дел од Еразмус+ проектот во кој покрај училишта од РС Македонија како партнери се вклучени и училишта од Романија, Турција, Словачка и Италија.
-Иако наставата заврши, ние работиме неуморно и споделуваме знаења меѓусебно. Во сите досегашни активности реализирани со проектот „Една мисија, една визија, еден фокус” заедно со нашите колеги наставници и колеги од стручните служби на вклучените училишта работевме на теми поврзани со инклузија на учениците со посебни потреби. Наставниците и стручните соработници имаа можност да научат нови наставни практики како дел од мобилноста во Италија и во Турција и ги презентираа своите искуствата на тема аутизам: препознавање и изготвување на ИОП (индивидуални образовни планови), изјави Габриела Стојановска, координатор на проектот.
Настанот има цел да го потенцира значењето на инклузивноста на учениците со попреченост во редовната настава.