Во Косово втор ден по ред без починат од Ковид-19, 159 заразени во последните 24 часа

39

Втор ден по ред во Косово не е забележан ниеден смртен случај на заразен од Ковид-19, така што бројот на жртви на епидемијата останува 657, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според Националниот институт за јавно зравство на Косово (ИКШПК), од вчера извршените, рекордни досега, 1.245 тестирања со методот РТ-ПЦР (83.923 од појавата на епидемијата) коронавирусот е откриен кај 159 лица, со што вкупната бројка на заразени од почетокот на епидемијата се искачи на 17.422.

Во дневниот извештај на ИКШПК се наведува дека, вклучително вчерашните 58 излекувани, болеста досега ја совладале вкупно 14.894 лица.

Согласно официјалните статистики на косовските здравствени власти, во земјата моментно има 1.871 активен носител на вирусот.