Во Корнвол по повод Самитот на Г-7 е поставена скулптурата со ликовите на лидерите, направена по примерот на познат споменик на Планината Расмор во САД, што е посветена на американските претседатели.

Според Би-Би-Си, скулптура е направена од електронски отпад, која се вика Маунт Рисајклмор, а целта му е да ја потенцира неопходноста од поголемо рециклирање и штетноста од фрлените електронски уреди.

Авторот на скулптурата, Џо Раш изјави дека се надева оти инсталацијата ќе укаже на потребата за полесно да се рециклира електронскиот отпад.