Во контакт сме со Русите поради нуклеарната закана, откри Блинкен

54

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека Вашингтон е во директен контакт со Москва во врска со заканите за употреба на нуклеарно оружје.

„Да, бевме во контакт. Многу е важно Москва да слушне од нас и да знае од нас дека последиците би биле страшни. И ние го кажавме тоа многу јасно“, рече Блинкен во интервју за CBS, одговарајќи на прашање дали САД биле во контакт со Русија за заканата од нуклеарна војна.

Како што рече Блинкен, Кремљ има нуклеарен „синџир на команда“, но исто така е неизвесно дали некој би му рекол „не“ на рускиот претседател Владимир Путин доколку тој одлучи да користи нуклеарно оружје, пренесе Танјуг.

Државниот секретар на САД одби да сподели детали за тоа како САД ќе одговорат на евентуалната употреба на нуклеарно оружје, но рече дека администрацијата има план.