Во Кичевско само тројца апликанти за ИПАРД, бараат средства за механизација

67
Три барања за средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 се доставени до канцеларијата на Платежната агенција во Кичево. Производителите од Кичево, од село Миокази и од село Србјани бараат средства за инвестиции во механизација.
-Апликантите добија советодавна и техничка помош, како и помош при изработка на предлог-проект за успешно доставување на барањата, информира преставникот на Канцаларијата Љупчо Даниловски.
Од финансиската поддршка, 75 отсто се ИПАРД средства, а 25 проценти пари од Буџетот на Република Македонија. Вкупната финансиска поддршка изнесува 11.883.772,00 евра или 730.792.598 денари.