Во Кичево отворена изложбата „Визии од детството” на Горан Бoев

62

Во фоајето на Центарот за култура „Кочо Рацин“ вечерва  се одржа изложба на слики „Визии од детството“ од ликовниот уметник Горан Боев од Кавадарци.

Маја Николовска Силјаноска од Центарот за култура во Кичево.за изложбата истакна дека делата се своевиден портрет на едно минато време, портрет на детството на авторот.

Што се однесува до техниката и ракописот, не се заложува секоја слика да му помине низ ист сликарски третман. Некогаш слика со наслаги од боја, некогаш лазурно. Некогаш цртежот е изразен и експресивен, некогаш суптилен и геометриски. Некогаш е комбинација на се‘ во се‘. Не се грижи премногу за стилот, но тоа не значи дека остава се‘ на случајноста. Се труди во работата но не се потпира на сопствените сили, но на Божјата иницијација, вели Николовска Силјаноска.

Горан Боев е роден на 1 ноември 1982 година во Кавадарци. Факултет за ликовна уметност (ФЛУ) и магистерски студии завршил во Скопје. Извесно време работи во високо и средно образование, а моментално е наставник по ликовно образование во основно училиште. Се занимава и со црковен живопис и иконографија. До сега има реализирано над десеттина изложби во земјата и учествувано на многу групни изложби во државата и странство, објасни Силјаноска.

Изложбата беше отворена со почитување на здравствените протоколи.

Извор:МИА