Во КИЦ: Изложба на Цигаридов за 45 години творештво

173

Во Културно – информативниот центар во Скопје, во изложбениот салон “Империјал 2“, на 9 мај во 20 часот ќе се отвори изложбата на слики “45 години творештво“ од ликовниот уметник Стеван Цигаридов.

На изложбата авторот ќе одбележи 45 години творештво со 45 дела, работени во техника масло на платно, создадени во различни периоди од неговото творење.

Цигаридов е роден 1951 во Битола, а живее во Скопје. Член е на ДЛУМ од 1983. Од 1972 до денес реализирал 20 самостојни изложби во нашата држава, во Италија, Австрија, Португалија. Учествувал на сите групни изложби на ДЛУМ, како и на повеќе групни изложби во земјава и регионот.

Изложбата ќе биде отворена до 19 мај.