Во Кинотека на Македонија: “Мирно лето” – омаж за Љупка Џундева

419

“Мирно лето” е македонскиот црно-бел игран филм, од 1961, година кој публиката ќе може да го проследи на 27 февруари, со почеток од 20 часот во Кинотека на Македонија, а во чест на неодамна починатата македонска актерка Љупка Џундева.

Во режија на Димитрие Османли, улогите во филмот ги толкуваат Дарко Дамевски, Илија Милчин, Илија Џувалековски, Љупка Арсова-Џундева, Мери Бошкова, Петре Прличко, Слободан Перовиќ, Стојка Цекова.

Во него, младиот научен работник Заре Мисевски и неговата сопруга Мира живеат во изнајмена соба како потстанари, постојано изложени на вознемирувања и љубопитност на соседите. Во вакви околности, на Заре му се доделени клучевите на Етнографскиот музеј во Охрид, заради негово средување, што за семејството Мисевски значи бегство во оаза на мир и тишина, за време на трите летни месеци, колку што треба да престојуваат во Охрид…