Во Канда во април затворени повеќе од 226.000 работни места

37

Во Канада во април се затворени 226.700 работни места, откако мерките за контрола на епидемијата на коронавирусот запреа голем дел од економијата. Меѓу најтешко погодените индустрии се трговијата, забавата и угостителството, се вели во извештајот на компанијата што обработува плати АДП.

Податоците за март се ревидирани надолу, така што тие покажуваат загуба на 17.200 работни места, а не 177.300 како што беше првично објавено, јавија локалните медиуми.

Извештајот, што беше направен во соработка со агенцијата „Мудис аналитика“, се заснова на податоците на АДП за платни листи за за околу 40.000 компании.

Извор:МИА